16. мај 2024

Отворање на нашиот бутик за преводи

Со добро наполнет куфер полн со искуства – позитивни и негативни – од изминативе 10 години во нашиот личен и деловен живот погледнуваме назад на убави и поучни моменти. По успешна декада како преведувач дојде време за еден нов чекор: Отворањето на нашиот бутик за преводи. Таа одлука одразува не само важно достигнување во нашата кариера, туку и возбудлив нов почеток.

Отвореноста кон нови нешта, високиот степен на услужливост кон нашите клиенти како и отворена и транспарентна комуникација се за нас трите столба врз кои го потпираме нашиот бутик за преводи. Тоа ни овозможува да прифатиме нови можности со отворени раце, да навлеземе во потребите на нашите клиенти индивидуално и по мерка и да делуваме соодветно, да одговориме конкретно на прашања и сомнежи како и отворено да ги комуницираме информациите и трошоците. Отворената комуникација исто така ни помага однапред да отстраниме несогласувања и да создадеме доверба во нашите деловни практики.

Зошто сме «Бутик за преводи»?! Во еден бутик стручно се советуваме и се облакаме согласно нашиот стил, нашето тело и нашиот тип. Зошто би се задоволиле со просечен исход кога е во прашање превод? Како Бутик за преводи ја имаме потребната експертиза за точно да знаеме што е важно кај еден висококвалитетен превод. Заедно со висок квалитет и лична услуга, нашите клиенти и деловни партнери ја имаат неприкосновената флексибилност во однос на нивните потреби и притоа стручно се советуваат индивидуално за следните чекори за да не бидат оставени на пола пат.

И токму тоа е она што нашиот Бутик за преводи го прави посебен. Нашата цел е да се вброиме во Haute Couture на преведувачката бранша. Тоа навистина може да звучи доста амбициозно за штотуку отворена компанија, но суетноста и лично за нас не е една од нашите особини.

Со задоволство ќе ве пречекаме кај нас како наш клиент или деловен партнер.

Назад